Вештачката интелигенција последниве неколку месеци е во фокусот на најголем дел од вестите од технологијата. Сепак ако најголем дел од темите кои се покриени се сериозни, ова е нешто поведра тема. Станува збор за најавни шпици за популарни анимирани филмови и серии, кои со помош на вештачката интелигенција се претворени во ситком серии од 80-тите години.
Од објективни причини покриени се единствено најавните шпици на овие серии, но се многу забавни и изгледаат импресивно. Сите слики кои се користат во видеата се генерирани со помош на Midjourney. Креатори на видеа има повеќе, но финалниот изглед е сличен, ако не и идентичен, за секоја „серија“. За изгледот да биде комплетен одбрани се и соодветна типографија и музика кои потсетува на сериите од овој период.