Најпопуларниот производител на електрични возила – Tesla е фокусиран на развој на автономни возила. Компанијата од кинеските власти побара дозвола за тестирање на својот автономен софтвер во Пекинг. По добивањето на дозволата, Tesla планира да започне со роботакси услуги во Шангај, пишува South China Morning Post.
Веројатноста властите во Кина да издадат дозвола за започнување на тестовите е голема. Тesla навистина би можел да започне тестови наскоро. Веста ја потврди државниот кинески весник China Daily. Според кинескиот весник Tesla ќе добие дозвола за тестови за потполно автономни возила. Кина ќе го искористи ова за да покаже дека е подготвена за повторна економска соработка со САД.
Автономните такси возила и сервисите за споделување на автомобили се еден од секторите за кои автономните возила се најинтересни. Овие сервиси ќе овозможат поголема искористеност на возилата, помала потреба од паркинг простор, со што ќе има повеќе простор за луѓето. Покрај Tesla кој ја очекува својата дозвола, Apollo, Pony.ai и WeRide веќе имаат дозвола за тестирање во Пекинг, Гуангжу и Вухан.
Отворена истрага за измама со хартии од вредност
Елон Маск со години ветува целосна автономија на Tesla и со години не го исполнува ова ветување. Сега, одделот за правда отвори истрага која треба да покаже дали извршниот директор на Tesla ги измамил купувачите, инвеститорите и законодавците со лажни ветувања.
Истрагата не е нова и е започната уште во 2021 година, а за прв пат ја откри Reuters на крајот на октомври 2022 година. Доколку истрагата покаже дека навистина се случил криминал, и случајот дојде пред суд, обвинителството ќе се обиде да докаже дека Tesla ги лажела сите за нивото на автономија на возилата. Официјално компанијата е под истрага за измама со хартии од вредност. Засега нема податоци за тоа кои изјави се сметаат за нелегални, пренесе Reuters.
Производителот на најпопуларните електрични возила во светот, суптилно, или помалку суптилно, речиси редовно, споменува автономија кај возилата на Tesla. За прв пат автономијата ја споменаа во 2016 годин. Елон Маск тврдеше дека автономниот автомобил веројатно вози подобро од луѓето. Компанијата во минатото тврдеше дека единствена причина за возач да биде присутен на возачкото седиште е исклучиво правна, а за возење не е потребна негова интервенција.
„Лицето на возачкото седиште е таму исклучиво од правни причини. Не прави ништо. Автомобилот вози сам“.
Маск и самиот признава дека понекогаш е преголем оптимист со своите изјави и прогнози. Често претерува со прогнозите за автономни возила и нивната достапност. За жал за сега возилата ја немаат оваа функционалност. Дополнително возилата на Tesla учествувале во стотици сообраќајни незгоди.
Автономното возење не е единствената причина поради која е отворена истрага за работата на Tesla. Сопствениците на возилата подолг период се жалат и на тоа дека растојанијата кои ги ветува Tesla во техничките спецификации не соодветствуваат на реалноста.
Секако Елон е преоптимистичен со роковите. На пример во 2017 година вети дека првите ракети на Марс ќе полетаат во 2022. До оваа (2024) година Space X требаше да има барем четири лета до Марс. Секако, ова не се оствари, а Space X оваа година за прв пат испрати лендер на Месечината.