Band of the Day е веб сервис кој своето искуство има интегрирано и во паметните телефони и компјутерските таблети. Но, за жал, само во тие на iOS, додека Android верзија не е достапна во моментот.
За тие што не се запознаени, BOTD (Band of the Day) е сервис за откривање на нова музика. Доколку ви е здосадено од музиката што ја слушате на некое радио, или од музиката што ја слушате секојдневно, BOTD е одличен сервис за откриете нешто ново, и тоа секој ден. Со сервисот добивате бесплатен пристап до голем број на песни од изведувачите, како и нешто повеќе информации за самите изведувачи.
Покрај тоа, сите информации се спакувани во една добро дизајнирана околина, особено кога станува збор за iPad верзијата. Исто така, можете да ги погледнете сите бендови на денот од оваа недела, најпопуларни песни и изведувачи.
Апликацијата Band of the Day е бесплатно достапна на iTunes.








