0 коментари 2 мин. читање 25 февруари, 2013

ИТ настан: Бесплатна работилница за фотографија и iPhoto 11 на Apple

На 28 февруари Duna компјутери ќе ja одржи третата бесплатна работилница за основи на дигиталната фотографија и обработка на фотографии со софтверот iPhoto 11 на Apple. Работилницата ќе започне во 18:00 часот во Клубот на новинари.

Гостин предавач ќе биде македонскиот фотограф Кире Галевски кој ќе ги објасни основите на DSLR фотографијата, ќе понуди кратки совети како да се направат подобри фотографии и обработка со iPhoto 11. Дополнително, г. Галевски заедно со специјистот за Apple од Duna, Томе Пајковски, ќе презентираат и дел од професионалните апликации кои се достапни за обработка на фотографии.

Обуката е наменета за сите почетници и ентузијасти за фотографија кои сакаат да научат да користат професионални апликации за обработка. Темите кои ќе се дискутираат на настанот ќе бидат основи на фотографијата, обработка на фотографија со Adjust алатки на iPhoto за Mac, oбработка на фотографии со Photoshop, eкспортирање на Slideshow во формат на филм, oрганизација на фотографии со iPhoto за iPad и обработка, сортирање, изработка на journal и споделување на фотографии со iPhoto за iPad.

Повеќе детали ќе најдете на Facebook настанот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top