0 коментари 1 мин. читање

Спијте подобро со Wind Down

Според бројни истражувачи, исклучително важно е да се опуштите два часа пред спиење. Ваквиот долг процес на правилно релаксирање е клучен за исполнителен сон, ефикасно полнење на вашите батерии и смирено секојдневие.

Нешто што може да помогне до доаѓање на таквата цел е користење на апликацијата Endel × James Blake: Wind Down. Замислено е да се вклучува апликацијата два часа пред заспивање за да просторијата во која се наоѓате биде исполнета со релаксирачки звуци, потпомогнати со милозвучниот глас на Џејмс Блејк.

За реализирање на оваа цел и создавање услови за правилна звучна медитација, Wind Down користи напредни AI алгоритни при избирање звуци и нивно координирање со ритамот, со цел да се релаксира телото и да се стимулира нервниот систем.

Endel × James Blake: Wind Down е одлична и се прилагодува во зависност од тоа кога и колку сакате да спиете. Па така, имате соодветни програми во зависност на тоа дали спиете цела ноќ, дали само напладне сакате малку да дремнете, и слично.

Повеќе за апликацијата можете да дознаете од официјалниот сајт, од истото место од каде можете да ја преземете апликацијата за iOS, и Android.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top