Апликација на денот: ReNotify ги додава вашите белешки и аларми во панелот за известување

во Совети

Секако, сите телефони доаѓаат со сопствена апликација за поставување на аларм, но доколку сакате да ги персонализирате истите и да добивате известувања во панелот за известувања, тогаш ReNotify е одлична апликација за тоа. Со помош на ReNotify секогаш ќе бидете во тек со вашите настани и што треба да направите, а тоа го овозможува токму известувањата кои се наоѓаат во панелот за известување.

Апликацијата ви овозможува да создадете два видови на известувањаа, и тоа: такви кои ќе може да бидат отстранети директно од известувањата, и едни кои ќе бидат фиксирани таму и не може да бидат откажани.

ReNotify oвозможува и брзо создавање на белешки кои, исто така, може да бидат „закачани“ помеѓу известувањата или пак да креирате нови од истото место. За да ја овозможите оваа опција, сè уште треба да направите е да притиснете на „Toggle add new“ копчето на дното од апликацијата.

ReNotify доаѓа со темна и светла тема, а доколку користите Ice Cream Sandwich или Jelly Bean, тогаш ќе можете да изберете и неколку различни иконки за вашите белешки. Апликацијата работи на Android 2.2+ и можете бесплатно да ја преземете од Google Play маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments