Има голем број на RSS читачи достапни за Android, една таква апликација е и Flipboard, но една навистина добра алтернтива со одличен кориснички интерфејс и контрола врз синрхонизацијата и кеширањето на содржината е Flow Reader.
Flow Reader сè уште е во бета верзија, но нема никакви потешкотии при работењето. Flow Reader е една од ретките аплиакции која нуди прегледување на содржината според автор, а листањето помеѓу најновите, непрочитани и омилени/означени содржини се врши со лизгање налево или надесно, во зависност на каде сакате да одите.
Aпликацијата нуди и синхронизација со Google Reader, и истата содржина да ја читате преку вградениот читач на Flow Reader. Flow Reader нуди синхронизација само преку Wi-Fi со цел да не трошите сообраќај од вашиот мобилен интернет. Апликацијата ви овозможува да изберете максимален број на најнови и омилени/означени содржини кои ќе можете да ги читате без интернет, а исто така, можете да го изберете и бројот на колку елементи да се синхронизираат во еден ист момент.
За побрзо завршување на акциите, доколку ја задржите притисната статијата, таа ќе се означи како прочитана или непрочитана, во зависност од претходната состојба. А исто така, содржи и неколку други кратенки, за кои ќе бидете воведени преку туторијалот во самата апликација. Уште една можност која ја нуди Flow Reader е можноста за филтрирање на содржината според клучни зборови и означување на сите текстови кои го содржат клучниот збор како прочитани.
Flow Reader работи на Android 4.0.3+ и можете бесплатно да ја преземете од Google Play.








