Друштвената мрежа Facebook на своите корисници во САД и Канада кои користат iPhone апликација им нуди бесплатни разговори преку Wi-Fi или мобилен интернет. Услугата за Facebook Messenger е во тест фаза во Канада од почетокот на месецов, а со оглед на тоа дека сега е достапна и за САД можеме да заклучиме дека тестовите се одвиваат одлично.
Новата 2.1 апликација за iPhone овозможува гласовни разговори или испраќање на гласовни пораки на вашите пријатели. За започнување на разговорите се што е потребно е да притиснете на ’i’ и да одберете ’бесплатен разговор’.
Со ова Facebook ќе биде конкурент на Viber, Skype и сличните апликации кои нудат VoIP услуга на паметните телефони. Разликата помеѓу овие апликации и Facebook апликацијата е што таа има многу поголем број на корисници, а и подолго време е на првите места на преземање и на Google Play и na App Store. Засега нема најава за глобално користење на апликацијата, но немаме причина да се сомневаме дека наскоро ќе биде достапна како во остатокот на светот така и во Македонија.







