Google и Jio Platforms најавија нов евтин паметен телефон

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни

JioPhone Next е нов паметен телефон изработен од индиската компанија Jio Platforms. Компанијата е во сопственост на најбогатиот Индиец, Мукеш Абрани, но она што е поинтересно е дека Google и Facebook се стратешки инвеститори во компанијата и поседуваат 7,73, односно 9,99 отсто од акциите.

ЈioPhone Next доаѓа со супер оптимизирана верзија на Android, a фокус на телефонот е индискиот пазар. Неговите креаторите се надеваат дека со овој евтин телефон ќе ги убедат корисниците да се префрлат од 2G на 4G мрежа, вели TechCrunch. Засега нема објава за цената, но очекувањата се дека ќе биде конкурентна со најевтините телефони.

Уредот доаѓа со неколку функционалности кои се достапни на Android: гласовен асистент; автоматско читање на глас текст од екран, превод на јазик, паметна камера со филтри за проширена реалност. Една од најголемите предности е што надградбите на софтверот ќе доаѓаат директно од Google, што гарантира дека ќе бидат редовни и навремени.

Истовремено Google најави дека влегуваат во партнерство за 5G мрежата со Jio Platforms.

„Ова ќе им помогне на милијарди Индијци да се поврзат со побрз и подобар интернет, ќе биде поддршка за бизнисите во нивната дигитална трансформација, и ќе му помогне на Jio да развие нови сервиси во сектори како здравство, образование и многу повеќе – ова ќе бидат темелите на следната фаза на дигитализацијата на Индија“, вели Сандер Пичај.

Продажбата на JioPhone Next официјално започнува на 10 септември. Очекувањата на Jio Platforms се дека 300 милиони корисници ќе ја заменат 2G со 4G-мрежа со новиот телефон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments