Aпликација на денот: Ајде да ја исчистиме Македонија!

Конечно една навистина корисна македонска апликација. Станува збор за Android апликацијата LetsDoItMacedonia која овозможува едноставно пријавување на ѓубрето кое е надвор од кантите. Идејата е апликацијата да ги искористи корисниците и совесните граѓани да пријавуваат, односно работи на краудсорсинг концепт со што зависи од волјата на корисниците да ги пријавутаат проблемите. Иако бара нешто од корисниците, и често ова се покажува како проблем, сепак се што треба тие да напарават е да го фотографираат купот и и да го одбележат ѓубрето, но и да се надеваат дека некој ги следи пријавите и ќе дојде да го собере.

Апликацијата потсетува на претходни краудсорсинг обиди за уредување на градот, како Поправи.мк и сличните, кои не се прославија бидејќи колку зависи од совесните граѓаните, толку зависи и од совеснота на властите. Доколку градските власти креираат мобилна екипа која ќе одговара токму на пријавите на овие корисници, најверојатно и бројот на корисници кои ги одбележуваат нелегалните отпади ќе порасне, а со тоа и градовите ќе бидат почисти. Доколку разгледате дел од коментарите на апликацијата најверојатно ќе се согласите дека тоа е навистина потребно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments