Софтверската компанија One Inside, со седиште во Швајцарија и отворени канцеларии во Македонија од 2013 година, се ребрендира во VASS. Оваа трансформација ја одразува заедничката посветеност на двете компании за постигнување на извонредност во доменот на ИТ консалтинг и дигитализација.
Во 2022 година, VASS ја објави аквизицијата на One Inside, швајцарска компанија специјализирана за ИТ консалтинг, зајакнувајќи го партнерството со Adobe како еден од нејзините главни партнери во регионот. Оваа стратешка унија беше клучна за проширувањето на VASS, пробивајќи се на швајцарскиот пазар и зајакнувајќи го своето присуство во DACH регионот (Германија, Австрија и Швајцарија).
По повеќе од две години ефективна соработка и во согласност со заедничката визија за раст, VASS успешно го интегрира One Inside во својата корпоративна структура. Овој процес кулминира со целосната транзиција кон брендот VASS, што ја одразува консолидацијата на двата ентитета под едно име.
За One Inside, овој процес вклучува еволуција во три клучни области од работењето. Во Маркетинг и Продажба, компанијата ќе се фокусира на оптимизирање на употребата на своите промотивни материјали за да привлече глобални клиенти, со цел да се капитализираат можностите што ги нуди меѓународниот пазар. Во Бизнис операциите, регионалните проекти ќе се одржуваат како основна соработка, меѓутоа, ќе се применат иновативни практики за прилагодување на работата на глобално ниво и за да се промовира ефективна соработка со тимови во различни земји, обезбедувајќи агилен и ефикасен одговор на барањата на меѓународниот пазар.
Како последно, но не и помалку битно, во Корпоративните услуги, One Inside е посветен на усвојување и усогласување со оперативните стандарди на мултинационална компанија. Со ова на своите експерти им понуди поголеми можности за професионален развој, како што се нови кариерни патеки, приспособени програми за обука, со цел да се зајакнат внатрешните таленти и да се остане конкурентен во сè поглобализирано деловно опкружување.
„Интеграцијата на One Inside ја зајакнува нашата позиција како лидер во дигитализацијата во Европа и ја подобрува нашата способност да нудиме иновативни решенија на нашите клиенти на сите клучни пазари во Западна Европа“, вели Francisco Javier Latasa, извршен претседател на VASS.
„Ова ребрендирање претставува перспективна можност да го развиеме нашиот бизнис, да го зајакнеме нашето присуство на пазарот и со нашата локална култура да учествуваме во глобален бренд, каде што се чувствуваме вклучени и застапени. Исто така, ќе ни овозможи да допреме до повеќе пазари и клиенти, да соработуваме на B2B проекти и да опфатиме уште пошироко портфолио на дигитални услуги и решенија“, вели Clemens Bussinger, Менаџер на Регион Швајцарија и Северна Македонија.
„Приклучувањето кон VASS Групацијата е предизвик, но и привилегија поради можноста за раст на бизнисот и проширување на досегашното портфолиото на дигитални услуги и решенија. Сето тоа ќе доведе до зацврстување на позицијата и насочување кон новите трендови во ИТ индустријата, што за VASS во Македонија ќе отвори можност за зголемување на тимот со квалитетен кадар што може да одговори на технолошките промени во софтверската индустрија“, вели Емилија Димитриевска Поп-Георгиева, Менаџер на VASS Македонија.
Овој план е поддржан од приватната инвестициска компанија OEP (One Equity Partners), која се приклучи на VASS на крајот на 2020 година и има долгогодишно искуство во поддршка на компании при извршување на амбициозни планови за раст.
Со оваа завршена интеграција, VASS ја продолжува својата траекторија на раст и консолидација како лидер во секторот за консалтинг и дигитална трансформација и ја зајакнува својата позиција како водечки глобален снабдувач на технолошки решенија.