Amazon со паметни очила ќе ја забрзува доставата

во Свет

Проценката на Amazon е дека кога времето на испорака е во прашање се бројат и секундите. Ова е впечаток кој може да се добие од последната вест која протече од компанијата. Amazon работи на очила со проширена реалност за возачите кои ја прават испораката до купувачите. Веста за Reuters ја потврдиле 5 различни извори, кои поради тоа што проектот не е јавен, се анонимни.

Она што треба да го овозможат очилата е навигација на секоја раскрсница. Очилата ќе имаат мал екран на кој ќе може да се види траекторијата и секое запирање за достава. Со оглед на тоа колку достави во текот на еден ден прави Amazon, секоја секунда е важна.

Покрај насоките за време на возењето, очилата ќе може да им помогнат на доставувачите откако ќе го напуштат возилото, и ќе се движат пеш. Доставувачите може да добијат податоци за најблискиот влез, локацијата на лифтот, скалите или станот. Секундарната функција на очилата, треба да овозможи фотографирање на доставените пакети за доказ. Ваквиот пристап би ја намалил потребата возачите рачно да читаат етикети на пакети или да држат GPS уред. Благодарение на ова ќе можат во целост да се концентрираат на пакетите и патот.

Последните 100 метри најтешки

Додека за најголем дел од компаниите последната милја (завршната етапа на доставата до домовите на купувачите) е голем логистички предизвик, Amazon е подготвен за чекор понатаму. Компанијата се фокусира на оптимизација на последните 100 метри (стапки) во доставата. Овие последни 100 метри се најкомплициран и најскап дел од доставата. Во нив вообичаено возачите мораат да возат и да се ориентираат низ тесни улички, да пронајдат соодветно место за запирање и паркинг, да ги заобиколат оградите. Бидејќи насоките ќе им бидат директно прикажани на очилата, нема да има потреба од дополнителна електроника која им олеснува да ги следат инструкциите „лево“ или „десно“ и на најкомплицираните патеки.

Photo by Andrew Stickelman on Unsplash

Amazon ја разгледува и можноста да инсталира скенери во комбињата за достава. Скенерите ќе бидат поставени на кровот во внатрешноста на возилата. Тие ќе ги лоцираат пакетите и преку зелени светлосни сигнали ќе го одбележат пакетот за секоја достава. Со нив ќе се заштеди драгоцено време кое вообичаено се губи при читање на етикети. Овој систем веќе е делумно применет, но за сега е во фаза на тестирање.

Пред Amazon претстојат и предизвици. За очилата ќе биде потребна батерија која ќе може да издржи цела смена од осум часа. Таквата технологија мора да биде лесна и удобна за носење. Дополнително, една од најголемите логистички пречки ќе биде собирањето податоци за сите можни препреки и карактеристики на секој дом, улица, тротоар и приод до врата. Собирањето на овие податоци, би можело да трае со години.

Тука секако е и отпорот од страна на самите возачи. Многу од нив би можеле да го сметаат носењето на паметни очила за неудобно, да им пречи, па дури и за неатрактивно. За оние кои веќе носат корективни очила, би можело да биде и дополнителна пречка. Како дополнителен предизвик, компанијата би морала да ги убеди и надворешните доставувачи. Тие претставуваат значаен дел од нивната логистичка мрежа, па Amazon би можел да го стави носењето на овие очила во договорот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments