0 коментари 3 мин. читање

Колку е дигитализиран процесот за аплицирање за студентска стипендија во Македонија?

Студентските денови се едни од најдинамичните, а воедно и најубавите денови на секој студент. Но, кога станува збор за студентскиот живот и студентскиот стандард во Македонија, искуствата и не се баш сјајни.

Покрај стекнувањето на нови знаења, пријателства и искуства. Студентскиот живот носи и многу финансиски трошоци кои што паѓаат на трошок на родителите. Со оглед на факултетските обврски, тешко е да се најде време за дополнителна заработка.

Во овој дел студентската стипендија е најдобрата опција на оние студенти кои што можат да ги исполнат потребните услови.

Во Македонија постојат повеќе типови на студентски стипендии:

  • Прва група – стипендии за студенти од социјални категории
  • Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето
  • Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки.
  • Четврта група – стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование

Овие типови на стипендии се однесуваат за прв циклус на студии, секако дека има и стипендии за втор и трет циклус на студии.

Она што е заедничко за сите типови е начинот на аплицирање. Додека пак, потребните услови се различни за секоја категорија.

Колку е дигитализиран овој процес?

Најпрвин, процесот на аплицирање започнува кога Министерството за образование и наука ќе го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.

На сајтот детално се опишани потребните услови, начинот на кој се добиваат стипендиите, целиот процес на аплицирање и потребната документација. Рокот за аплицирање е 2 недели, односно од 01.11.2024 до 15.11.2024 година.

Износот на студентската стипендија за прва, втора, трета и четврта група изнесува 6.050 денари за 9 месеци во текот на студирањето.

Исклучок има во третата група за студентите запишани на студиските програми по хемија, физика, и математика, земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. За овие студенти износот е 18.000 денари месечно, во времетраење од 9 месеци.

На сајтот се напишани сите потребни документи за аплицирање, а првиот чекор е собирањето на сите документи.

Некои документи се добиваат електронски, додека пак за други е потребно да се отиде до студентска служба или друга институција, во зависност типот на стипендија и конкретниот документ.

Откако ќе се соберат сите потребни документи, потребна е регистрација на системот http://e-uslugi.mon.gov.mk/ и потоа да аплицирање на конкурсот.

Откако ќе се пополнат личните податоци на кандидатот, се пополнуваат следните барања кои што варираат во зависност од типот на стипендијата. Следниот чекор е прикачување потребните документи и деталите за трансакциската сметка.

По внесувањето на сите потребни документи, финално се кликнува на копчето аплицирај.

Генерално, процесот на аплицирање за студентска стипендија е дигитализиран и откако ќе се соберат сите потребни документи, потребни се дваесетина минути за аплицирање. 

Но, треба да се напомене дека и понатаму има голем простор за дигитализирање на процесот на добивањето на одредени документи од надлежните институции.

Напишано од

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Мени
Заедница
Изглед
To top