Спонзориран текст

„Одиме нагоре“ со ПроКредит Банка – Стартап пакет со 2 години бесплатни банкарски услуги за новоосновани компании 

Спонзорирано од Прокредит Банка

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Со Стартап пакетот на ПроКредит Банка новоотворените бизниси отсега имаат дополнителна поддршка што ќе им овозможи сеопфатно решение за да напредуваат и да го градат својот бизнис на следно ниво. Пакетот содржи сет финансиски и нефинансиски услуги кои го прават вистински избор за сите нови претприемачи. 

Уникатниот бенефит на стартап пакетот е 2 години бесплатно одржување на сметка и неограничени бесплатни трансакции во земјата. Пакетот вклучува целосно дигитален пристап до сите банкарски услуги, со што дава можност за брзо и ефикасно работење секаде и во секое време.  

Препознавајќи ги потребите на новите претприемачи, клучна компонента на Стартап пакетот е персонализираната поддршка од финансиските советници во банката, кои ги анализираат потребите на секој нов бизнис и обезбедуваат приспособени решенија, вклучувајќи управување со готовинскиот тек и насоки за финансиската стратегија.  

Дополнителна предност се автоматизираните приливи од странство кои во рамки на стартап пакетот банката ги обезбедува со 0 денари провизија за спуштање на прилив од странство. Покрај бенефит за приливи, новите бизниси ќе имаат можност да заштедат и со најниски и фиксни провизии за промет со странство. 

За новите компании коишто имаат потреба од инвестиции во нивниот бизнис и се подготвени да одат на следното ниво, банката нуди и можност за кредитирање по 12 месеци активност на компанијата. 

„За нас, стартап не секогаш подразбира нова, неоткриена идеја. Стартап е секоја нова компанија која има храброст и визија како да излезе и да успее на пазарот, а ние таа храброст ја цениме и сакаме да ја поддржиме на секој начин што е во наш домен.  Оттаму е и идејата за 2 години бесплатно банкарство, но и целосна поддршка со финансиски советник кој ќе биде покрај клиентите низ целиот процес на раст и стабилизирање на бизнисот.  Целта на Стартап пакетот е новите бизниси да се уверат дека ПроКредит не е само финансиска институција, туку нивен партнер во растот и успехот, зајакнувајќи ја нивната витална улога во локалната економија“ – изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка. 

Како дополнување на финансиските услуги, банката оди чекор напред и овозможува пристап до едукативни настани за градење вештини за ефективно водење на бизнисот, како и B2B вмрежување со потенцијални соработници кои се дел од портфолиото на банката. 

Во таа насока, новина што ја нуди стартап пакетот е и 3 месеци бесплатна претплата на платформата за бизнис планирање Моделикс, алатка која овозможува изработка на професионален бизнис и финансиски план, следење на резултатите од работењето во споредба со планот и носење правилни и навремени одлуки. 

Сите детали за Стартап пакетот се достапни на следниот линк. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Прокредит Банка . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk