29 коментари 2 мин. читање

Претставен е-Дневник, алатка за родителите да ги следат оценките на децата

Овој текст е стар 10 години.

За инструкции за регистрација и користење на е-Дневник за родители: Е-Дневник – Упатство за родителите

За последни информации поврзани со е-дневникот: Реален поглед на проектот Е-дневник во секое училиште, десет години подоцна

„Е-дневникот ја користи базата на податоци од ЕМИС (англ. Education Management Information System) кој е систем за собирање, обработка, проверка и презентирање на податоци што се важни за образовниот процес во основното и средното образование во Република Македонија. Имплементацијата на ЕМИС системот вклучуваше и обука на двајца администратори од секое училиште во Република Македонија кои се задолжени за внесe на податоците во системот.“

За да се логираат родителите на еДневник.mon.gov.mk е потребно да:

  • Доставете му имејл на класниот раководител
  • Класниот раководител ќе ја креира Вашата корисничка сметка
  • Проверете го Вашиот имејл, испратен ви имејл со вештачки генерирана лозинка.
  • Најавете се на Е-Дневникот со вашиот имејл како корисничко име и лозинката која ја добивте.

Повеќе детали за еDnevnik.mon.gov.mk ќе најдете на сајтот кој изобилува со информации и видео упатства за користење на сервисот.

Има забуна, постојат два е-Дневника

Со претставувањето на е-Дневник, се појави и мала забуна. Имено, постои e-dnevnik.com.mk веб сајт кој не е проект на Министерството за образование, кој што има исти принцип на работа, и е приватен проект за чии услуги се плаќа.

Забуната настана поради лесниот домен, ednevnik.com.mk е полесен за памтење од ednevnik.mon.gov.mk, па некои блогови и твитерџии станаа критични кон МОН заради фактот што e-dnevnik.com.mk наплаќа за услугата по 250 денари. Интересно после линканиот блог пост, е тргната жиро сметката од сајтот, како и линкот до писмо, но благодарение на Google Cache можете да се види како тоа изгледаше. Од е-dnevnik.com.mk велат дека ја тргнале жиро сметката за да нема забуна со електронскиот дневник на МОН.

Во секој случај бесплатниот електронски дневник, тој на МОН, е eDnevnik.mon.gov.mk.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

29 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top