Dell претстави неверојатен монитор кој има вкупно 14,7 милиони пиксели сместени во 27-инчи, или со резолуција од неверојатни 5120×2880 пиксели. Екранот е своевидно чудо на пазарот бидејќи го наговестува доаѓањето на 5K мониторите, иако 4К резолуцијата, со „само“ 8,3 милиони пиксели сè уште не се мејнстрим. Но, цената на овој Ultrasharp монитор е исто толку голема како бројот на пиксели, и е околу 2,500 долари.
Со ваква резолуција Dell ги таргетира дизајнерите и професионалците на кои им е потребен ваков екран. PC Perspective вели дека иако нема ТВ содржина за ваква резолуција, сепак игрите и графичките процесори ќе му најдат намена на мониторот со тоа што ќе се играат без anti-aliasing технологијата бидејќи пикселите се многу мали. Освен резолуцијата која е 218 пиксели по инч, што е блиску до највисоките PPI на пазарот, Dell не открива многу детали за мониторот кој ќе биде достапен од декември. Тоа што се знае е дека ќе има DisplayPort и HDMI, и ќе има и два интегрирани звучници.
[youtube]yFHhGflSgBA[/youtube]







