0 коментари 1 мин. читање 1 март, 2023

Претворете го вашиот телефон или таблет во втор монитор со SpaceDesk

Многу пати кога работиме на лаптоп би можеле да посакаме да имаме дополнителен монитор приклучено. Во ситуација кога немате монитор, би можеле да го поврзете вашиот телефон или таблет. Да, мал телефон или таблет не можат да ги заменат предностите кои доаѓаат од голем монитор, но подобро нешто отколку ништо.

SpaceDesk e апликација која ефикасно поврзува две или повеќе направи така што ви дозволува првин да ги инсталирате соодветните апликации, а потоа да ги поврзете една со друга. На пример, една апликација се инсталира за вашиот компјутер, а друга за вашиот телефон, и така натаму.

По воспоставената конекција, се функционира беспрекорно и потполно исто како да имате втор, односно трет монитор поврзано. Екранот можеби е помал, но без проблем може да го користите како тач скрин. :)

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top