Наречена Benny, според џез легендата Бени Гудман, новата верзија на WordPress 4.0 ќе овозможи „побрзо креирање и објавување на содржина“. Новините кои се додадени на платформата за менаџирање на содржина ќе им ја олеснат работата на сите 60 милиони сајтови; и иако не се драматични промени, сепак придонесуваат кон полесно менаџирање на мултимедијата и текстовите.
Ново е што сега фотографиите и видеата се подредени во поубава „бескрајна мрежа“ со можност за брз преглед и полесно едитирање на мултимедијалната содржина. Ново е што ембедирањето на видео од YouTubе или твит од Twitter, е интегрирано во платформата па ќе треба само да го ископирате URL-то за „магично да се претвори во ембедирано видео“. Едиторот ќе прикажува и преглед на ембедираната содржина за да може да ја средите пред да биде објавен постот. Интересна новина е што алатките покрај едиторот за текст ќе останат на десната страна, без врска колку е текстот голем. Во случај да ви фали нешто во оригиналниот WordPress 4.0 ќе може да одберете меѓу 30.000 плагини кои сега се полесно пробаруваат.