0 коментари 2 мин. читање

OX-Guard е алатка со која може да испратите криптиран имејл до сите

OX-Guard е алатка која гарантира безбедна имејл комуникација. Издадена со отворен код од германската компанија Open-Xchange, алатката овозможува испраќање на криптирани имејл пораки, дури и доколку примачот на пораката не е корисник на сервисите на Open-Xchange. Корисниците кои ги користат Open-Xchange услугите ќе можат едноставно да селектираат дали сакаат да испратат криптирана порака без притоа да инсталираат дополнителен софтвер.

Крипто-клучевите се креираат на серверот, кој корисниците можат да го изберат, на пример некој сервер во кој имаат доверба. Софтверот може да биде покренат и на комјутерот на корисникот, а бидејќи е отворен код може да биде проверен и да биде поправен доколку се пронајде некоја слабост. Сите кои не се корисници на Open-Xchange ќе добијат две пораки, на едната се наоѓа адресата каде се наоѓа пораката, а на другата лозинка за користење на Open-Xchange серверот, по логирањето со оваа лозинка корисникот ќе мора да ја промени. Така доколку некој ја прочита пораката пред корисникот за кој е наменета, корисникот ќе дознае за ова бидејќи нема да има пристап до пораката.

OX Guard ги користи истите алгоритми за криптирање како и Pretty Good Privacy, со тоа што користи различен клуч за секоја порака, па доколку една од пораките се компромитира останатите остануваат безбедни. Покрај алатката за криптиран имејл Open-Xchange е крeатор и на алатки за соработка како Office 365 и Google Apps for Work. Освен ова нудат алтернатива на Dropbox преку OX Drive и конкуренција на Office и Google Docs со OX Docs, пишува Wired.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top