10 милиони гости букирале соби преку Airbnb

Секои две секунди се букира соба во 200.000 локации преку Аirbnb, стартап основан во 2008-ма година кој сега надмина 10 милиони букирани гости.

Ова се фасцинантни бројки за сервис чии услуги се нелегални во поголем дел од земјите од каде се изнајмуваат соби и домови. Не секој дом или стан може да се претвори во хотел за една ноќ. Во повеќето земји е потребно дозвола од градот/општината за да се претвори едно домаќинство во мини хотел или хостел, пример во Италија, а некаде дури има и ограничувања во издавање на соби, пример во Њу Јорк најмал период за изнајмување на стан е еден месец.

Нo, Аirbnb кој сега се проценува на 1,3 милијарди долари, функционира беспрекорно. Не за џабе има 10 милиони букирани соби ширум светот. Се чини дека на луѓето им се допаѓа идејата да заработат некој денар со тоа што ќе ја издадат својата соба или стан на еден или два ноќи на комплетни странци.

[youtube]SaOFuW011G8[/youtube]

Интересно, како што ни открива инфографикот подолу, најголемиот дел од тие што издаваат, околу 100.000 се од Европа која е добра туристучка дестинација за корисниците од САД од каде потекнува сервисот. Меѓу нив се бројуваат и станови и домови во Охрид, Скопје и други македонски градови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk