Amazon сега продава повеќе е-книги отколку книги

во Хардвер

Сепак не… Amazon вели дека дигиталните верзии за Kindle станаа повеќе популарни од стандардните книги со тврди корици. Во последните три месеци издавачот продава 50% повеќе е-книги одошто книги, односно продава по 143 Kindle верзии на секои 100 книги. A во последниов месец односот е 180 е-книги на секои 100 книги со тврди корици.

Oвој раст во продажбата на е-книгите се должи на намалување на цената на Kindle читачот од 260 долари на 190 долари.

„Промената на цената предизвика троен раст во продажбата“, вели Џеф Безос, директорот на Amazon. „Корисниците на Amazon сега купуваат повеќе Kindle книги од книгите со тврди корици – неверојатно ако се земе в предвид дека продаваме книги веќе 15 години, а Kindle книги само 33 месеци.“

Една од предностите на Kindle, кој користи електронско мастило и екран кој рефлектира светлост, е што има безжична интернет конекција па со него може веднаш да се купи нова книга за која ќе добиете и рецензија и оценка од другите читатели.

Kindle e достапен и во Македонија и за овој пазар има околу 170.000 книги.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
nnovica
11 years ago

Интересно е да се набљудува колку лесно луѓето паѓаат во стапица и стануваат заложници. Старо, но поучно: http://io9.com/5317703/amazon-secretly-removes-19

name
name
11 years ago
Reply to  nnovica

ja vratija vo prodazba

Stole Peshov
11 years ago

Каде во македонија може да се купи Kindle ?

d
d
11 years ago

Продава повеќе е-книги отколку книги со тврди корици (како таа на сликата). Тие најчесто се поскапи, па можеби и тоа има дел во ова. Текстот како што е напишан од вас може (и е) да се сфати како повеќе од сите печатени книги.

Поз