Заедницата на Reddit го интервјуира Салман Кан, основачот од Khan Academy

во Интервјуа, Свет

Khan Academy сега има над 4 милиони корисници месечно и над 2.700 eдукативни видеа, открива основачот на Khan Academy, Салман Кан, во забавно сесија на „прашања и одговори“ со корисниците на Reddit.

Покрај класичните пофалби од луѓе кои конечно положиле тежок предмет на факултет или од родители кои конечно ги натерале своите деца да учат благодарение на видеата на Khan Аcademy, имаше и некои интересни и неочекувани моменти во интервјуто со онлајн заедницата кое надмина над 3.000 коментари, прашања и одговори.

Еден од корисниците постави прашање „Кога планирате да направите видеа за понапредни теми како на пример квантна механика, напредна математика, општа теорија за релативност и слично?“. На тоа, г. Кан вети дека дефинитивно тој самиот или друг експерт од полето ќе направи видео наскоро. Тогаш, изненадувачки, на муабетот се надоврза лично Мајкл Нилсен, еден од пионерите на квантно пресметување и се понуди да помогне околу правење видеа.

Khan Academy е непрофитна организација која направи бум со своите едукативни видеа на теми од математика, информатика, биологија, физика, хемија, економија, историја.. итн. Со многу едноставен и разбирлив јазик, и сето тоа потполно бесплатно, академијата нуди нова форма на образување што полека се прифаќа и во некои образовни институции низ светот.

Целата идеја започна од кога Салман Кан започнал да креира кратки видеа за да ги подучува своите внуци дома. Откако увидел дека овој метод е многу ефективен, бидејќи ученикот сам си го одредува темпото на работа и има опција да го паузира предавањето или да се врати наназад, за разлика од класичните предавања лице во лице, тој ja основал Khan Academy во 2006-та. Академијата денес има над 4 милиони корисници месечно и над 2.700 видеа. Како дополнителна мотивација, Khan Academy воведоа беџови и достигнувања, што ги стимулира корисниците да се натпреваруваат меѓу себе, и најбитно со себеси.

[youtube]nTFEUsudhfs[/youtube]

Во интервјуто на Reddit, г. Кан сподели вистинска приказна од корисник кој на 15 годишна возраст станал зависник од дрога, бил избркан од училиште поради тепачки и никако не му одело на училиште. Наредната година кога дошол финалниот испит според кој се одредува дали ученикот има право да студира или не, тој го открил Khan Academy и толку многу се уплашил за својата иднина што по 6 часа дневно посветувал на гледање видеа. Скоро неверојатно, успеал да постигне толку добар резултат што потоа се запишал на најдобриот универзитет во Западна Австралија.

Интересно, кога го прашаа г. Кан дали некогаш му се заблагодарил на својот омилен учител, тој одговори дека и се заблагодарил на учителката со тоа што љубовно ја споил со училишниот хигиеничар и тие денес се среќно венчани.

За регистрација во академијата, отидете на http://www.khanacademy.org и да видиме кој ќе биде првиот македонец што ќе освои Master беџ. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
k1ko
k1ko
14 years ago

Добро е што беше во примерно време. Инаку тоа американците се ние кога спиеме вие работи ги прават.