Сите си мислиме дека не ни треба систем за навигација во автомобилите, меѓутоа верувајте, тоа е една од оние работи која ако еднаш ја искусите во животот нема да сакате да се одвоите од неа. Се разбира дека не е неопходна помошна алатка за нашето нормално секојдневие, меѓутоа и тоа како може да биде добредојдена кога ќе се најдеме „во небрано“. Но, каков систем за навигација да одбереме? Да ги разгледаме можните опции!
Фабрички систем за навигација
Овој систем доаѓа заедно со автомобилот и е најчесто и најдобриот навигациски систем за вашиот автомобил бидејќи производителот ангажирал инжинери и мозоци кои дошле до заклучок дека некој извесен навигациски систем, без оглед на производителот на уредот, е најподобен за вашиот автомобил. Секако, најдоброто решение најчесто е претерано скапо, со цени над 1.000 евра. Иако уреди одат „во пакет“ со DVD компатибилност, Bluetooth поврзување со мобилен телефон итн., сепак цената претставува главна пречка во одлуката за купување на ваков вид на уред.

Пренослив систем за навигација
Уред кој може да се набави дополнително, и да се приклучи во автомобилот. Најпознати производители се Garmin и TomTom, и за било која варијанта да се одлучите нема да згрешите. И едните и другите имаат одличен приказ, се одликуваат со детални и прецизни мапи, и се со висок степен на доверливост. Тоа значи дека е многу поверојатно да ви го покажат вистинскиот пат, отколку да ве однесат во локалниот овоштарник. Цените на овие уреди варираат во однос на нивните способности, меѓутоа, практично најскапиот од овие уреди, чини помалку од најефтиниот од „фабричките“.
[youtube]wKCPF2rAlS4[/youtube]
Апликација за паметни телефони
Во последно време паметните телефони се сè поприсутни во нашите животи и стануваат практично неизбежен дел од нашето секојдневие. Токму поради тоа, и поради ваквиот развој на настаните. Токму поради тоа, на пазарот се појавија повеќе различни апликации за навигација, развиени според платформата врз која се базира вашиот телефон. Цените на апликациите варираат во однос на нивната комплексност. Имено, постојат бесплатни апликации за навигација, кои, рака на срце, поверојатно е да ве изгубат и да ве испратат на некои козји патеки, отколку да ви го покажат вистинскиот пат.
Претходно споменатите компании, Garmin и TomTom нудат свои лиценцирани апликации за навигација, чија цена не надминува 50-тина долари. Имајќи ги предвид опциите кои ви се нудат, буквално на вашата дланка, како на пример: детални мапи, моментално ажурирање за состојбата во сообраќајот, помош при престројување за следните крстосници, гео-координати, места од интерес (ресторани, бензински пумпи, болници итн), цената од 50 долари за ваква апликација е дури смешна!
[youtube]V-QrHbdZOY0[/youtube]
Телефоните кои работат на Аndroid платформата, доаѓаат со веќе инсталиран систем за навигација, во облик на Google Maps with Navigation. Сè на сè одлична апликација, многу лесна за користење, но сè додека не сакате да ги зачувате мапите. Такво нешто не е можно, бидејќи Google Maps бара константна поврзаност со интернет, за да може да ги ажурира мапите, во реално време.
[youtube]tGXK4jKN_jY[/youtube]
[youtube]g9t38UyWKyE[/youtube]
[youtube]-I2a6F-vPV8[/youtube]
Главниот проблем кај нас е менталитетот на луѓето, кои не би дале ни „скршен денар“ за нешто што „никогаш нема да им треба“, така што и тие 50-тина долари се апсолутно непоимливи. Доколку сте автомобилски ентузијаст кој редовно го користи своето „милениче на тркала“ и поминува големи растојанија, верувајте дека било која од лиценцираните апликации за навигација би ви била повеќе од добредојдена!
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.