Забавната индустрија ги обвини Google и Bing дека споделуваат пиратерија

во Свет

Интернет пребарувачите ги водат корисниците кон линкови со нелегална содржина, велат британските организации кои ја претставуваат забавната индустрија. Во документот, објавен под законот за слободен пристап до информации, се открива дека интернет пребарувачите, властите и сопствениците на авторските дела веќе една година се договараат за како да се справат со пиратеријата. Во него се вели:

„Во моментов, корисниците кои пребаруваат дигитални копии на содржина заштитена со авторски права се праќаат до нелегални сајтови и сервиси. Ова ги збунува корисниците и значително им наштетува на развојот на лиценцирани и дигитални забавни пазари во Британија. Интернет пребарувачите, како вистински посредници, треба да им помогнат на корисниците да најдат легални сервиси и да не помагаат при прекршување на авторските права.“

Идејата на договорот е да се креира владино тело кое ќе ги брише нелегалните сајтови од резултатите на интернет пребарувачите. Google е еден од најзасегнатите во ситуација. Најпопуларниот пребарувач иако има поставено алатки за лесно пријавување и тргање на нелегални линкови, сепак според британската фонографска индустрија, ова не е доволно и „како што поминува времето, така ситуацијата станува се полоша“.

Според забавната индустрија, пребарувачите треба да спроведет мерки како: Да ги намалат ранговите на сајтови кои постојано ги прекршуваат авторските права; Да приотеризираат сајтови кои имаат сертификат за лиценциран сајт за симнување на музика и филмови; Дa престанат да индексираат сајтови кои се зафатени од судски спорови; Да не дозволат рекламирање на сајтовите со нелегална содржина.

Според Open Rights Group (ORG), кои први го објавија контроверзниот документ, ваквото мешање во работата на пребарувачите може да биде опасно и е налик на SOPA.

Според BBC, британските власти сè уште дискутираат за ваквите мерки. Сега се очекува одговор од Google и Bing кои потготвуваат свој предлог.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments