1 коментар 2 мин. читање 27 јануари, 2012

Кажете му збогум на копчето Menu, вели Android тимот

Android тимот на Google во блог пост ги потсети програмерите дека копчето Menu ќе го снема, а на долниот дел од телефонот ќе останат другите три копчиња: Back, Home и Recent Apps. Сега со новата 4.0 верзија или попозната како Ice Cream Sandwich ќе нема потреба од Menu копче.

Оваа промена всушност беше испробана со Android верзијата за таблет компјутери, Honeycomb, во која се претстави Actionbar.

„За да обезбедите поинтуитивно и подоследно корисничко искуствово своите апликации, вие треба да го мигрирате вашиот дизајн поделеку од користење на копчето Menu, и кон користење на Actionbar.”, им препорачува Android тимот на програмерите.

„Можеби сте загрижени дека е премногу работа да започнете да го користите Actionbar, бидејќи треба да поддржувате верзии на Android постари од Honeycomb. Но, тоа е едноставно за повеќето апликации бидејќи ќе може да продолжите да го поддржувате копчето Manu на уреди кои се пред Honeycomb, и исто така да обезбедите Actionbar на најновите уреди со само неколку линии на код.“

Интересно, втората препорака од Google до програмерите е да престанат копчето да го нарекуваат „Menu копче“. Опциите кои не може да ги собере во actionbar завршуваат во action overflow, па според Google со терминот „action overflow“ се поттикнува поинаков начин на размислување.

(tnx до Никола за линкот)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
филип
филип
14 years ago

уште да ги натера сега гугл произведувачите почесто упдејт да прават на андроид може би ќе ги поттикне програмерите да не користат мени копчето.

Мени
Заедница
Изглед
To top