Ако судот наложи продажба, Google Chrome би чинел 20 милијарди долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Ако се остварат најавите за казната на Google, сѐ што се случува со американските компании во Европа ќе изгледа едвај како укор. Американскиот Оддел за правда најави дека ќе побара од федералниот суд да наложи продажба на популарниот прелистувач Google Chrome, пренесе Bloomberg. Доколку судот го прифати предлогот, Chrome би можел  да биде продаден за 20 милијарди долари.

Прелистувачот Google Chrome има 3,4 милијарди  активни корисници. Поради ова вредноста од 15 до 20 милијарди долари не е никакво изненадување. Во САД прелистувачот го користат 61 отсто од корисниците, а во остатокот на светот неговата доминација е поголема.

Истрагата во работата на Google доаѓа по сомневања дека компанијата ја елиминирала конкуренцијата во секторот за дигитално огласување на различни начини. Google купувал дел од конкурентите. Во случајот со Apple, плаќал огромни суми за да остане пребарувачот кој доаѓа со уредите. Досега, Google му има платено на Apple повеќе од 26 милијарди долари за да биде „омилениот“ пребарувач на iPhone.

Тешко е да се претпостави која од компаниите би можела да го купи прелистувачот. Компании како Amazon и Microsoft и самите имаат проблеми со судските спорови, па нивните понуди изгледаат неверојатни. Bloomberg сподели интересна идеја за OpenAI како нов сопственик на Chrome, но имајќи предвид колкав дел од пазарот на вештачка интелигенција има компанијата, купувањето на прелистувачот ќе биде еднаков со повик за регулација.

Photo by alban on Unsplash

Куп обвинувања за Google

Американските власти го отворија судскиот спор со Google во јануари 2023 година. Компанијата беше обвинета за монопол на пазарот за дигитални реклами. Во август судијата Амит Менхта процени и одлучи дека компанијата навистина ги прекршила законите во САД. Оттогаш Одделот за правда разгледува најразлични начини за поделба на компанијата.

Продажбата на Google Chrome е едно од решенијата, но ова е само едно од разгледуваните решенија. Една од идеите на Одделот беше да наложи продажба на Android. Со ова оперативниот систем би се разделил од останатите производи и платформи на Google. Дел од разделувањето е и Google Play продавницата за апликации на Google, но и од останатите сервиси кои доаѓаат заедно со оперативниот систем.

Критичарите тврдат дека Google користи монополска позиција во собирањето податоци од своите корисници преку пребарувањата и услугите што ги нуди. Овие податоци му овозможуваат на Google да понуди попрецизни реклами, кои се основа на неговите приходи. За да се ублажи оваа нерамноправност предложени се правила за лиценцирање податоци. Правилата имаат за цел да создадат порамноправни услови. Ако бидат усвоени, конкурентските пребарувачи и AI стартапите ќе добијат пристап до богатството на податоци на Google, што би поттикнало иновации и конкуренција.

Дури и новите AI функции кои ги додаде Google, на пример „AI Overviews“, ја зацврстуваат доминацијата на компанијата. Овие функции прикажуваат резимеа на информации на врвот од резултатите од пребарувањето, најчесто без да генерираат посети на страниците кои ја креираат оваа содржина. Лиценцирањето би ги заштитило веб-страниците од тоа Google да ја користи нивната содржина за AI модели без соодветен договор.

Прелистувачот и рекламите

Google го користи својот прелистувач за доминација во секторот за дигитални реклами. Компанијата може да следи што прават корисниците кои се најавени во Chrome, a овие податоци им овозможуваат да понудат порелевантни реклами. Ниту еден од конкурентите на компанијата нема пристап до олку детални податоци, и поради тоа се наоѓаат во полоша состојба од Google.

Дури 55,9 отсто од приходите на Google се од рекламите во пребарувањето, уште 10,1 отсто од YouTube рекламите и 8,6 отсто од Google Network Ads.

Промената на администрацијата нема да ги спаси технолошките компании

Во САД за неколку месеци ќе дојде до промена на администрацијата, но ова нема да ги спаси технолошките гиганти. Иако најголем дел од случаите се одвиваа во време на сѐ уште актуелниот претседател Џо Бајден, тие започнаа во време на првиот мандат на Доналд Трамп. Веројатно споровите ќе продолжат како досега и по смената на власта.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments