WTI Macedonia ќе излезе со понуди во јануари 2012, ќе го користи префиксот 073

2 коментари 1 мин. читање

По неколку месечните подготовки виртуелниот оператор WTI Macedonia се договори со One да ја користи нивната мрежа за давање на услуги од мобилната и фиксна телефонија.

Иако претходно беше најавено дека WTI ќе стартува до крајот на годината, сепак виртуелниот оператор ќе започне да нуди услуги во 2012-та.

„Услугите во мобилната телефонија ќе почнат во текот на следните неколку недели (како пробен период), со делење SIM картички со префикс 073 на неколку стотини граѓани. Комерцијалните услуги во доменот на фиксната телефонија и интернет услугите ќе почнат во јануари 2012.“, вели WTI Macedonia за Нова Македонија.

WTI нема ништо конкретно најавено на својот сајт, а на своите друштвени профили само прашува „Дали сте подготвени за 073?“. Претпоставката е дека ако има некоја конкретна понуда, неа првин ќе ја видиме на друштвените мрежи.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top