0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2011

Покојниот Стив Џобс доби Греми за достигнување во забавната индустрија

Американската Национална академија за музичка уметност и наука постхумно ќе му додели Греми награда на Стив Џобс за достигнување во забавната индустрија.

Г. Џобс е награден бидејќи успеа да креира уреди кои комплетно го подобрија начинот на како слушаме музика, но и успеа да ја убеди музичката индустрија да ги прифати онлајн продавниците и да започне да продава музика по песна, не по албум, променувајќи го бизнис моделот на индустријата.

„Како поранешен директор и ко-основач на Apple, Стив Џобс помогна да се креираат продукти и технологии кои го трансформираа начинот на како конзумираме музика, телевизија, филмови и книги. Како креативен визионер, иновациите на Џобс како iPod и неговите следбеници, онлајн iTunes продавница, ја револуционираа индустријата и како музиката се дистрибуира и купува.“, вели академијата.

Стив Џобс, Дајана Рос и Глен Кембел се тројцата наградени за животно достигнувања на 54-тите Греми награди кои ќе се одржат во Лос Анѓелес на 12-ти февруари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top