0 коментари 5 мин. читање 22 декември, 2011

Facebook ќе воведе бројни промени за контрола на приватноста за корисниците надвор од САД

Во 2012-та година Facebook ќе воведе 45 промени за подобра контрола на приватноста кои ќе се однесуваат само на корисници надвор од САД. Овие промени е поради 149-те препораки од ирскиот Комисар за заштита на податоци (DPC).

Претходната истрага, започната по поплака од австриски корисници и спроведена според европските закони, покажа дека Facebook чува купишта кориснички податоци кои биле претходно избришани од корисниците. Истрагата е стартувана во Ирска каде се наоѓа и седиштето на интернационалните канцеларии на Facebook.

„Извештаи од ревизии обично не се објавуваат јавно, но во овој случај, DPC и Facebook се согласија на почетокот – во интерес на транспарентноста – содржината на оваа ревизија да биде објавена јавно, целосно и веднаш по завршување. Веруваме дека ова е најдобриот начин за нашите корисници и креатори на политики ширум светот да разберат колку детално DPC ja спроведе оваа истрага и колку ќе соработуваме со нив во иднина.“, вели Facebook во блог пост.

Овие 45 промени нема да го влијаат на бизнис моделот на Facebook, односно рекламите, туку се однесуваат на приватноста на корисници, нивна едукација и заштита на нивните лични податоци. Еве неколку од поважните промени:

  • Ќе се поедностави објаснувањето за полистата за користење на податоци.
  • Ќе се додаде полисата за приватноста, изјава за правата и линкови до Центарот за помош на левата страна на домашната страна на Facebook.
  • Да се објасни како се користат кориснички податоци за таргетирање во реклами.
  • Да се ограничи собирањето на лични податоци од друштвените плагини.
  • Да се воведе опција да се изгаси корисничка содржина да се појавува во друштвените реклами.
  • Соберените податоци од рекламите ќе се чуваат најмногу 2 години.
  • Да се обезбеди полесен пристап до корисничките информации преку профилот, Activity Log и Download Your Information алатката.
  • Да се објасни на корисниците зошто се чува избришаните податоци како покани за пријателство или тргнати тагови.
  • Да им се обезбеди на корисниците можност да бријат покани за пријателство, тагови, постови и пораки.
  • Да се смени поканата за Групи каде корисникот нема да биде член се додека не ја посетил Групата.
  • Да се избришат сите кориснички податоци кои немаат потреба да се собираат.
  • Да се избришат сите импресии на друштвените плагини по 90 дена од посетување на сајтот.
  • За тие што не се членови и одлогирани корисници податоците од друштвените плагини да се избришат во рок од 10 дена.
  • Сите податоци за корисничките податоци треба да бидат анонимни по 6 месеци.
  • Да се едуцираат корисниците за зачувување на активности при логирање преку прелистувачи и уреди.
  • Да се обезбеди подобра опција која ги прикажува пристапите до информации од страна на надворешни апликации.
  • Да се едуцираат корисниците за важноста на читање на полиси за приватност на надворешни апликации, и да се овозможат полесно достапни линкови за пријавување на апликации.
  • Да се направи алатка која ќе проверува дали полисата за приватност на надворешни апликации има активен линк.
  • Да се најдат технички решенија да се намали ризикот на апликации да си пренесуваат токени за авторизација.
  • Да се подобрат алатките за детектирање на злоупотреба на кориснички податоци од програмерите на апликации.
  • Да се информираат корисниците дека Tag Suggest постои преку неколку истакнувања и линкови на почетната страна.
  • Пред секоја нова имплементација да се дискутира со Комисијата за плановите на подобрување на опцијата за препознавање на лице.
  • Да се набљудуваат вработените да не користат лозинки кои ќе дозволат пристап до кориснички податоци.
  • Да им се покаже на корисниците колку луѓе ќе ја видат нивната содржина на некоја фан страна.

Поголемиот дел од овие промени ќе бидат имплементирани во првото тромесечје од 2012-та година, додека новите решенија ќе бидат повторно разгледани во јуни.

Комесарот за заштита на податоци исто така го пофали Facebook што не ги користи веб колачињата за таргетирани реклами, бидејќи апликациите не можат да пристапат до корисничките податоци без дозвола, има доста начини за да се пријави малтретирање и корисничките податоци се достапни за вработените само доколку им се потребни за работата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top