0 коментари 2 мин. читање 27 јуни, 2022

Следете ги батериите на сите ваши Apple направи од само една апликација

Дали сте голем фан на производите на Apple и си се имате подновено и со iPhone, и iPad, и Apple Watch, па дури и Mac? Многу направи, многу батерии и често не знаете која направа до кој степен е наполнета.

Во случај да сакате да имате целосен увид за тоа колку ви се наполнети батериите во направите, би можеле да ја пробате Battery – Battery Widget. Се работи за апликација која следи колку ви се батериите полни така што ја синхронизира нивната состојба преку iCloud.

По вклучување на апликацијата, ги поврзувате сите ваши направи, како iPhone, iPad, Apple Watch и Mac и го започнувате следењето на нивните состојби. Може да наместите штом некоја направа дојде под одреден процент, да добиете инстантно известување на сите ваши направи, како и да ја следите состојбата на батериите на вашите пријатели и семејство.

На прв поглед, Battery – Battery Widget се чини како непотребна апликација. Но, на две групи корисници, знае да биде исклучително корисна. Од една страна, бизнис корисниците знаат колку е важно нивните направи да се полни, особено пред важен состанок или патување. За оваа таргет група, апликацијата помага корисниците подобро да се справат со нивната расејаност и да се погрижат направите да им се наполнети.

Од друга страна, пак, постарите корисници, особено оние што лесно забораваат да си ги полнат телефоните, можат непотребно да ги загрижат останатите членови на семејството кои не живеат со нив. Со Battery – Battery Widget, можете да ја следите состојбата на нивната батерија и благовремено да ги потсетите или да средите телефонот да им се наполни.

Battery – Battery Widget чини 300 денари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top