3Д принтер за храна во Вселената, сервис кој сака да го намали гладот во светот и проект со кој астронаутите можат да лебдат во Вселената без јажиња. Овие навидум научно-фантастични проекти се всушност идеи креирани од македонски девелопери на интернационалниот NASA Space Apps Challenge, кој се одржа во над стотина локации ширум светот, вклучувајќи ги и Скопје, Битола, Тетово и Охрид.
Трите победнички проекти, и многу други, се креирани за смао 48 часа. Тоа е еден од предизвиците на настанот спонзориран од Aмериканската вселенска агенција (NASA), чија цел е да го најде најкреативното решение за неколку теми кои се важни за човештвото. Така сите учесници креираа проекти кои ќе и помогнат на некој начин на планетата Земја, ќе бидат корисни во Вселената, ќе му помогнат на човештвото, или пак на роботите.
Првиот дел од blockbuster NASA Space Apps Challenge Macedonia-Skopje!Одлично слетување- официјално отворање на настанот…
Posted by NASA Space Apps Challenge Macedonia on Thursday, April 9, 2015
NASA Space Apps Challenge се одржува трета година по ред во Македонија, и досега имаше локален тим DECAone кој успеа да се најде како финалист на глобалните награди. Ова влева доверба дека и годинешниве победници, кои се исто така предложени и за глобалните награди, ќе може да инспресионираат на светска сцена, а можеби и во Вселената. Сите три победници се интересни идеи – 3Д принтерот за храна ќе се обиде да го реши транспортот на храна во Вселената така што ќе принта пакети со храна која ќе ги има сите витамини и 2.600-те дневни калории што се потребни. Foodmatch е проект со кој се споредува дистрибуцијата на храна во две земји, што ќе помогне да се намали гладот и недостатокот на храна. Float-away е проект кој ќе ги ослободи астронаутите од јажињата со електромагнетни полиња што ќе бидат поврзани со алатките на астронаутот, што би лебделе околу него.
Ги прогласивме победниците на Nasa Space Apps Challenge Skopje 2015! Честитки за победничките тимови, со среќа на глоб…
Posted by NASA Space Apps Challenge Macedonia on Saturday, April 11, 2015
[…] со проект за управување на роверите на NASA. Ланските трите локални победници беа 3Д принтер на храна во Вселената кој принта пакети […]