0 коментари 2 мин. читање 14 април, 2015

ИТ настaн: На третиот Open Data Meetup ќе научите за отворени податоци

Отворените јавни податоци се клуч за да дознаеме што точно се случува околу нас. Од информации за најчести места за сообраќајки до информации за транспарентноста и фер однесување на властите во најразлични сфери. Македонија полека ги отвара своите податоци, досега затворени во некои институциски подруми, но иако процесот оди споро, сепак тоа што навистина фали се луѓе кои ќе знаат како да ги стават тие податоци во услуга на граѓаните.

Третиот Open Data Meetup, кој е закажан за среда, 15-ти април, со почеток во 17:30 часот во Цреша Бар, Скопје, има за цел да отвори дебата помеѓу ентузијастите за отворени податоци,д а разговараат за како најдобро може да се користат и да се сподели искуство за работа со суровите податоци. Конкретно, на овој трет настан, организиран од фондацијата Метаморфозис, ќе се дискутира за пристап на информации од јавен карактер како начин за доаѓање до отворени податоци.

Настанот е отворен за сите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top