Се чини дека Facebook беше премногу оптимист кога излезе на берзата. Од почетната цена од 38 долари за акција, која во почетната возбуда достигна и 42 долари, сега акциите се продаваат за 28,80 долари. Вредноста на друштвената мрежа падна на 61,9 милијарди долари од првичните 104 милијарди.
Ова опаѓање на вредноста продолжува и покрај вестите дека Facebook ќе претстави свој паметен телефон со кој се надева да ги зголеми приходите од мобилниот пазар. Според многумина ова првично јавно надавање на Facebook станува катастрофа главно бидејќи мрежата претера во своите очекувања и одби да ги постави акциите на околу 25 долари колку што е и реалната вредност.
Некои инвеститори веќе поднесоа тужби против Марк Закерберг и Facebook бидејќи не биле информирани за проектираните идни приходи, кои според тужителите Facebook ги споделил само со фаворизирани инвеститори. Да бидат работите уште полоши, американските власти решија да се вмешаат и да започнат истрага дали Facebook постапил правично спрема инвеститорите.









Изгледа некој го научил малиов како се краде.
FB не вреди ни 10 милјрд.долари а не пак 104! Почекајте и ќе видите колку ќе им вредат акциите за 6 месеци – година. Ужасно е преценет. Ама некој ќе го јади за тие мајмунлоци што ги направи со излегувањето на берза со такви информации. Многу инвеститори вложија базирано на лажни податоци. Тоа можеби врви во земјите од третиот свет ама нема да помине така лесно во САД.
ќе го јаде малиов :-)
ајде сега од УЈП американското ќе ја наредат работат, и марко зад решетки… :О