0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2012

Очекувајте соработка меѓу Apple и Facebook, вели Тим Кук

Мислам дека може да се направи повеќе меѓу нас и Facebook, очекувајте нешто наскоро, вели директорот на Apple, Тим Кук, во интервју на D10 конференцијата. Ова беше одговорот на г. Кук на прашањето зошто Аpple продуктите немаaт интеграција со Facebook, а има со Twitter и други сервиси, иако друштвената мрежа е гигантска со над 900 милиони корисници.

Тој кратко одговори дека Apple и Facebook имаат добри односи и да очекуваме нешто наскоро, при тоа додавајќи дека Facebook се компанија која има свој посебен начин на работа, исто како Apple што можеби ја отежнува реализацијата на идеите.

Во интервјуто г. Кук најави и нешто големо од Apple, но не сподели детали задржувајќи ја препознатливата таинственост на Apple. Тој зборуваше за продажбите на Apple TV и за како за разлика од водството под Стив Џобс, сега ќе бидат потранспарентни кога се работи за правата на работниците во Кина.

Но, тој одби да коментира дека Apple наскоро ќе објави поефтини верзии на своите уреди велејќи дека „нема правило кое вели дека мора да имате еден. Ако најдеме начин да направиме повеќе, тогаш одлично.“

Единственото поле на кое беше поотворен за плановите на компанијата беше за гласовниот водич Siri за кој рече дека треба да биде подобар дадавајќи дека „ќе бидете задоволни за некои работи кои ќе се појават следните месеци“.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top