Take It Down: Нова алатка од Meta која треба да спречи ширењето на интимни фотографии на тинејџери

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

TakeItDown е нова aлатка од Meta која треба да помогне да се спречи ширењето на интимни фотографии на лица помлади од 18 години. Алатката овозможува отстранување на слики и видеа без истите да бидат аплоудирани онлајн и да станат дел од некоја поголема база на податоци.

TakeItDown е обид да се прекинe онлајн „сексторцијата“ кај помладите. Сексториција е форма на злоставување со која под закана дека ќе се објават нечии интимни фотографии или видеа се изнудуваат пари или сексуални услуги. Има ужасни последици врз жртвите, кои поради ова, страдаат од емоционална вознемиреност, анксиозност, депресија, а некои дури завршуваат со самоубиство.

Алатката овозможува брзо и едноставно отстранување на слики кои се споделени на Facebook или Instagram. TakeItDown е достапна за користење од 27 февруари. Функционира благодарение на вештачката интелигенција која ги скенира сликите, и прави споредба со базата на постоечки слики. Ако сликата е пронајдена во базата, веднаш се отстранува и се известува корисникот. Заедно со нотификациите доаѓа и извештај за корисникот кој ја споделил фотографијата. Потоа овој корисник може да биде блокиран, а до Meta да биде поднесен извештај за нарушување на правилата за користење.

Сликите кои се пријавуваат всушност никогаш не го напуштаат уредот на корисникот. Алатката се користи преку апликација или како веб-сервис. Корисникот одбележува слика и за истата се креира „хаш“ (hash). Овој „хаш“ е податокот кој понатаму се споредува во базите на Facebook и Instagram.

Како Take IT Down функционира

Take It Down на сликите им доделува единствен дигитален отпечаток, наречен hash-вредност. Потоа онлајн платформите можат да ги користат овие вредности за слики или видеа за да ги идентификуваат, да ги пронајдат и да ги отстранат од своите сервиси. Дигиталниот отпечаток за секоја содржина се креира директно на уредот на корисникот, и сликите и видеата никогаш не го „напуштаат“ овој уред.

Ако на онлајн платформата се пронајде слика со овој отпечаток, сликата веднаш се отстранува и се ограничува ширењето на содржината.

Meta тврди дека на овој начин детектирањето и отстранувањето на овие фотографии е побрзо отколку истите рачно да се пронаоѓаат и отстрануваат од модератори. Алатката функционира за сите слики кои се споделуваат на Facebook, Instagram или Facebook Messenger.

Take It Down е дел од поширок напор на Meta да го ограничи вознемирувањето, и злоупотребата, на нивната платформа. Покрај оваа најнова алатка, Meta има уште неколку, на пример: Safety Center, е алатка која споделува совети за онлајн безбедност; Bullying Prevention Hub, на корисниците им помага да се справат во ситуација на онлајн малтретирање.

„Ова прашање, поради многу сериозната штета која може да ја предизвика кај тинејџерите и возрасните, долг период е од исклучителна важност за нас во Meta. Може да нанесе штета на угледот и на семејните односи, и ги поставува во многу ранлива положба. Важно е да пронајдеме алатки како оваа, за да им помогнеме да ја вратат контролата врз нешто што може да биде тешка и потенцијално катастрофална ситуација“, вели Антигонa Дејвис, директорка за глобална безбедност на Мета.

Компанијата се надева дека со ефикасни алатки кои се лесни за користење ќе го намали онлајн насилството и сексторијцата на своите платформи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk