Dextra Robotic креира нов додаток за виртуелна реалност кој за воља на вистината повеќе наликува на инструмент за мачење, отколку на контролер. Станува збор за „ракавица-егзоскелет“, која кога ја користите ќе оддава впечаток дека допирате работи во виртуелната реалност.
„Функционира вака, кога вашиот аватар контролира дигитален објект, сигналот се испраќа назад преку SDK до Dexmo F2 и малите мотори, кочници и зглобови, го закочуваат егзоскелетот. Доколку продолжите да ги движите пристите, на врвовите ќе биде креирана соодветна сила.“, објави компанијата на Reddit AMA.
Технологијата е на самите почетоци, па првиот модел нема можност за чувствување на мекост на материјалот. туку е единствено дали е тука е или не е тука. Ракавицата засега е замо прототип, но до крајот на октомври уредот/контролерот ќе се најде на Kickstarter. Во зависност од интересот цената на Dexmo F2 би можела да биде околу 200 долари.
[youtube]9ZPpBcvmlps[/youtube]







