Како само времето лета! Во времетраење од пет години, PlayStation VR вроди над 500 игри, покажувајќи дека интересот за виртуелната реалност е исклучително висок и игра клучна улога кај повеќето гејмери.
Од сите PSVR игри за конзолата на Sony, како најомилени игри се истакнуваат следниве пет:
- Rec Room
- Beat Saber
- PlayStation VR Worlds
- The Elder Scrolls V: Skyrim VR
- Resident Evil 7 biohazard
Со цел да се одбележи целиот настан соодветно, од Sony објаснија дека месецот ноември е одличен месец да се биде PS Plus претплатник. Имено, понудата од трите игри ќе биде проширена со уште три дополнителни PSVR игри. Тоа значи дека во ноември, PS Plus претплатниците ќе ја прошират нивната колекција со шест игри.

Во меѓувреме, се работи на PSVR 2, a доколку имате PS5 и сакате да го приклучите моментниот PSVR, ова се работи кои апсолутно морате да ги знаете.







