Роботска рака доволно чувствителна да собира овошје, и доволно моќна да пробие ѕид

Љубителите на Spiderman можеби ќе се потсетат на Доктор Октопус додека го гледаат видеото на помошна роботска рака, но несомнено помошен екстремитет ќе ни биде од корист на сите.

Раката е изработена од истражувачи во Универзитетот Шербрук во Канада.

Роботската рака во овој случај е прикачена на појасот, но „оделото“ е за целото торзо со што се обезбедува поголема стабилност. Алатката е доволно чувствителна да може да собира овошје, но и доволно моќна да направи дупка во ѕидот.

Роботската рака заедно со целиот егзослечет тежи околу 4 килограми, и може да подигне товар до 5 килограми. Може да се движи по три оски и има максимална брзина од 3,4 метри во секунда.

За жал барем засега управувањето со помошната рака се прави со дополнителен минијатурен контролер. Ова не овозможува користење на 3 раце, но во иднина би можело да видиме и некој пософистициран модел на управување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments