0 коментари 2 мин. читање 2 октомври, 2014

ARM претстави оперативен систем за Интернет на нештата

ARM се приклучува во трката за креирање на оперативен систем за домашни уреди кои се поврзани на таканаречениот „Интернет на нештата“. Компанијата го креира mbed OS, базиран на работата на финскиот стартап Sensinode кој сега е дел од ARM. Оперативниот систем е направен да биде штедлив кога се во прашање батеријата и меморијата.

mbed OS e најавен како бесплатен, но сепак ќе го наплаќа користењето на софтверот на серверите кој е креиран за безбедно префрлање на податоците од уредите. Сепак ќе се направи проблем со фрагментацијата бидејќи новиот оперативен систем нема да ги поддржува уредите кои доаѓаат со процесор од останатите производители како Intel-овите Quark и Atom.

Оперативниот систем доаѓа оваа година во рацете на производителите на уреди, а првите уреди со новиот оперативен систем би можеле да ги видиме веќе во 2015 година, а први партнери на ARM се IBM, Telefonica, Marvell, NXP и Freescale.

[youtube]uderjjF30Vg[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top