Vip со 50 отсто зголемен приход во 2011-та, но Телеком останува доминантен

во ИТ.МК

Најголемиот и од-неодамна-вториот-по-големина мобилен оператор во Македонија ги објавија своите финаниските извештаи за 2011 година. Македонски телеком ја задржува доминантната позиција, но забележува помал профит од лани. Vip, пак, успеа да се икачи на второто место, што значи повеќе корисници и поголеми приходи во 2011-та.

Македонски телеком има 76 отсто од фиксната телефонија и 57 отсто од широкопојасниот интернет. Т-Мобиле пак има 50 отсто од мобилниот пазар. Во 2011-та групацијата направи 258 милиони евра приход, односно профит од 76,8 милиони евра.

Ова е всушност пад од 6,8 отсто споредено со 2010 година, што се должи на посериозната конкуренција. Дополнитено во намалените приходи се калкулирани и 90-те милиони евра кои компанијата ги исплати на американското Министерство за правда поради финансиски маловерзации меѓу Македонија и Црна Гора во 2005-та и 2006-та година.

„Модернизацијата на мобилната мрежа е предуслов на нашите корисници да им овозможиме брз и сигурен проток на податоци и видео содржини преку мобилен интернет. Оваа година очекувано е да ја обележи поголемата употреба на паметните телефони и уреди, што подразбира и пораст на користењето на мобилниот интернет. Наша задача е да го направиме достапен до поголем број на корисници.“, вели извршниот директор на T-Mobile Македонија, Жарко Луковски.

Vip во 2011-та се искачи на второто место со своите 566.000 корисници, надминувајќи 25 отсто од пазарниот удел. Тоа што е забележително се зголемените приходите кои овој оператор ги имал во 2011-та, дури 50 отсто зголемени приходи споредено со 2010-та. Vip имал 53 милиони евра приходи во 2011-та година, од кои 6,3 милиони евра профитот. Но, профитот останува двојно помал од направените инвестиции од 12 милиони евра.

„Ќе продолжиме да се придржуваме на нашата стратегија за успех и во иднина и ќе продолжиме да инвестираме во нашата мрежа, задоволството на нашите корисници и во нашиот тим. На тој начин ќе обезбедиме повеќе вредност за македонските корисници, општеството во целина и акционерите.“, вели финансискиот директор на Vip, Питер Цидек.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Давор
Давор
10 years ago

Кој мисли дека во Македонија со операториве има конкуренција е во тешка заблуда.

Нема конкуренција. Се е по договор. VIP моментално нуди бесплатни минути во своја мрежа ама затоа денар минута кон други мрежи е за 3 денари во просек поскапо од T-mobile. Оne се катастрофа. Немаат дел од пазарот на кој се определуваат.

...
...
10 years ago

ма каква инвестиција во мрежа… море што нема некој закон да им забрани штом немаат мрежа.. катастрофа се.

Томислав
Томислав
10 years ago

Телеком останува доминантен ама на стара слава, пошто беа монопол и сите беа кај нив. Браво за ВИП и Оне превземаа и секојдневно превземаат се повеќе и повеќе од корисниците. А не се за потценување и кабелските оператори како пример телекабел. Да не беше сета оваа конкуренција уште ќе плаќавме по 1200 денари за 10GB интернет и слично…

види ги сите огласи на kariera.it.mk