Google Docs е моќен Office пакет на апликации што се базирани во облакот. Можеби ви е познато колку ефективно може да се работи во тим со помош на коментарите и колаборативните разговори и промени што ги овозможува Google Docs. Сега ќе можете моќта на онлајн соработката на документи да ја искористите директно од вашиот Android уред. Досега групната можност за коментирање на документите и променување на истите беше резервирана само за тие што ги користат Google Docs преку нивниот лаптоп или десктоп компјутер.
Покрај некои надокнадни интерфејс промени како можноста да штипнете за да зумирате што денеска е типичен гест на интеракција со мобилните направи, сега исто така ќе можете да задебелувате зборови и пишувате во боја затоа што Google Docs за Android одсега го поддржува rich-text форматот.
Бран на промени доаѓа и кај Google Docs Presentation, апликација за десктоп и лаптопи со која можете да создавате ppt презентации. Google Docs Presentation добива освежување во начинот на соработката на документи, нов кориснички интерфејс во духот на новиот изглед на Google и уште 50 нови можности.