Runway ML ја претстави следната генерација на вештачка интелигенција за генерирање видеа

По една година Runway ML ја претстави новата генерација на вештачка интелигенција за генерирање на видео. Стартапот ја претстави Gen-3 Alpha верзијата на Runway која ќе биде првa во серијата модели кои компанијата ги тренираше на нова инфраструктура креиранa за масовно мулти-модално тренирање, пишува Runway во објавата.

Генерирањето на видео содржина од промпт е најновото поле за натпревар на вештачката интелигенција. Runway ML е една од првите компании кои започнаа да користат вештачка интелигенција за генерирање видеа. Компанијата својот прв модел Gen-1 го претстави во февруари 2023 година. Речиси пред точно една година во јуни го издадоа Gen-2 моделот.

Слично како и OpenAI со Sora и Runway работи на развој на вештачка интелигенција која не само што може да генерира реалистични видеа, туку ќе може да го разбере светот и неговата динамика. Оваа технологија компанијата ја нарекува општи модели на светот (general world models).

Како функционира Runway Gen-3 Alpha

Начинот на кој функционира вештачката интелигенција за генерирање на видеа е ист со сите други. Корисникот пишува текст барање (промт) кој ги содржи посакуваните параметри, а вештачката интелигенција го генерира видеото. Вештачката интелигенција може да претстави и да симулира различни ситуации и интеракции.

Runway Gen-3 Alpha е тренирана на комбинација на видео и слики, и ќе овозможи генерирање на видео од текст, видео од слика или слика од текст.

Во моментов постојат контроли за „Motion Brush“, „Advanced Camera Controls“ и „Director Mode“, но наскоро ќе бидат додадени и други. Новите контроли ќе овозможат подобро  управување со структурата, стилот и движењето.

Директорот за технологија Анастасис Германидис на X објави дека новиот Runway Gen-3 Alpha модел наскоро ќе биде достапен како Runway производ. До сега компанијата не објави дали ќе биде дел од бесплатната понуда, или ќе може да го користат единствено претплатниците.

Она што веројатно е најимпресивно во првите видеа е реализмот кога ликовите на луѓето се во прашање. Вештачката интелигенција генерира ликови со емоции, гестикулации и акции, што овозможува многу подобро раскажување.

Видеа генерирани од Gen-3 Alpha верзијата на Runway

Без разлика колку и да зборуваме за можностите на новиот модел ништо нема подобро да опише како изгледаат видеата од самите видеа.

Промпт: Снимка од екстремна близина на мравка која излегува од своето гнездо. Камерата се повлекува и открива соседство зад ридот
Промпт: Суптилни рефлексии на жена на прозорецот на воз што се движи со голема брзина во јапонски град.
Промпт: Портрет одблиску на жена осветлен од страна, камерата се повлекува назад.
Промпт: Средовечен тажен ќелав човек станува среќен кога перика од кадрава коса и очила за сонце ненадејно му паѓаат на главата

Luma AI и Dream Machine

Додека чекаме да видиме кои се можностите на Gen-3 Alpha на Runway и Sora на OpenAI, може да чепкаме по Luma AI која ја претстави Dream Machine. Иако е достапна едвај пет дена веќе може да видиме куп видеа. Ова веројатно и не е изненадување со оглед на тоа дека на корисниците им е достапно креирање на 30 бесплатни видеа месечно. Слично како и Runway и Dream Machine им овозможува на корисниците генерирање на видеа од текст опис или од слики.

На прв поглед генерираните видеа не се со истиот квалитет како оние на Runway или Sora, но без сомневање ќе се подобрат во иднина. Дел од првите корисници ја искористиja Dream Machine да ги трансформираат омилените мемиња од слики во видеа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments