Успешно комбинирајќи игриви механики со бројни музички нумери, првата Beat Hazard ги освои гејмерите во 2010 година. Насловот нудеше невообичаен и ретко виден начин за поразлично доживување на вашите омилени песни.
После скоро деценија-и-пол, првата игра и понатаму ужива во 95% позитивни рецензии. Втората Beat Hazard се појави девет години подоцна и успее да ја суптилно размрда формулата со интересни новитети за акционо преслушување на музичките нумери.
Развојното студио Cold Beam Games, работи на Beat Hazard 3 добри две години и се чини дека доаѓа времето играта конечно да излезе од раниот пристап на Steam.
Дали треба да и пружите шанса на третата игра?
Краткиот одговор е: ДА! За тие две години од раниот пристап, авторот на играта целосно се водеше од повратните информации на фановите и направи игра која достојно може да ги наследи претходните две.
Уште еднаш, Beat Hazard 3 ќе ви дозволи да ја искусите музиката на визуелно стимулативен (можеби и премногу стимулативен) начин каде од муницијата и експлозиите пулсираат бои во ритамот на музиката. Третата игра дополнително ја прошируваа оваа формула и ви дозволува да уништувате бројни непријателски бродови низ цела музичка галакција. Имено, секоја ѕвезда е албум со песни, а секоја планета е песна.
Beat Hazard 3 се одликува со:
- Нови, предизвикувачки босови
- Бројни вселенски бродови кои можете да ги надградувате на различни начини
- Уникатно искуство кое процедурално генерира непријатели во зависност од песната која сакате да ја слушате.
- Вие ја бирате песната! Може да е некоја од албумите кои се вклучени од играта, може да е mp3 која ви е на хард дискот, а може да е и од некој стриминг сервис, како Spotify.
Најновото и последното надополнување пред излегувањето од раниот пристап на Steam воведе нови оружја и надградби, нови предизвици, поширок спектар од опрема за уредување на бродовите и серија од достигнувања.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Cold Beam Games
- Издава: Cold Beam Games
- Жанр: ритмички roguelite
- Платформа: Microsoft Windows
- ќе излезе на: 22 јуни 2024