И третта година се креираа игри од „нула“ на Global Game Jam, настан кој се одржа паралелно во целиот свет, како и во Скопје и Битола. Над 160 натпреварувачи направија 32 креативни игри за само 48 чеса. И повторно Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА) ги собра ентузијастите за видеоигри да направат уште еден успешен гејминг хакатон, кој за прв пат имаше големи спонзори како Македонски Телеком, српскиот Nordeus, и израелскиот TabTale.
Поделени во градови, во Скопје имаше 95 натпреварувачи или 17 тимови што направија исто толку игри. Во Битола имаше 70 натпреварувачи и 14 тима кои поминаа два непроспиени денови да го работат тоа што најмногу го сакаат – да креираат игри.
„Се испија 150 литри сок од Бимилк, се изедоа две вечери од 7-ца, ручеци и награди од Nordeus, се поделија таблети од TabTale, падна една фул стипендија од SEDC, се мезеа грицки од Виталија. Истите овие беа х2… и во Битола се разбира! Се програмираше 58 часови, се потрошија 30 ролни тоалетна хартија, се испија 584 кафиња и целото Несквик, 350 литра вода. 30 продолжни кабли, 21 USB WiFi стикови и околу 30 водени маркери за whiteboard беа вклучени во организацијата. Освен членовите на МАГДА од Скопје, помогнаа и 5 до 7 волонтери кои се уште не можат да се опорават. Се играа игри… претежно добри, но се играше и DotA и LoL. Отидоа околу 150 гига интернет. Се изморивме прилично, но ќефот се мери во гугли!“, вели Гораст Цветковски, еден од организаторите на настанот во Скопје.
„Одлично си поминавме“, вели битолскиот организатор Петар Koтевски. „Имавме околу 70 учесници, и над 100 посетители. Работеа 14 тимови и сите презентираа игри. Беше многу весело и во ситните часови наутро кога се промовира и официјалниот хит на овогодинешниот гејмџем во Битола – песната „Жаклина“ од Цане Николовски, кој што се слушаше скоро секои 5-10 минути од различен компјутер (ама на општо задоволство)“.
ITN Podcast E10 by Radio Mof on Mixcloud








Малку сте ги помешале имињата на тимовите со имињата на игрите од Битола, обратно се :)
Tnx, поправено е. :)