16 трендови во технологијата, според Andreessen Horowitz

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Статии

Инвестититорите Andreessen Horowitz кој важат за една од највлијателните групи во Силициумската Долина ја претставија 16 Things листата. Станува збор за технологија за која инвеститорот е најзаинтересиран во периодот кој доаѓа, технологии, кои според нив, може да го променат светот, или барем вреди да се инвестира во нив.

„Ние не инвестираме во теми; инвестираме во основачи со револуционерни идеи. Ова значи дека не инвестираме врз основа на претходно постоечки претпоставки за категории. Покрај ова, еве неколку работи кои ги набљудуваме или размислуваме за нив; посебно сме благодарни на нашите основачи/компании и претприемачите со кои се среќаваме секојдневно еве дел од нивните согледувања“, вели инвеститорот Марк Андрисен.

Еве ги областите кои се најинтересни за инвеститорот, повеќе детали има во линковите:

  1. Виртуелна Реалност бидејќи е „последниот медиум“ во кој може да се креираат други медиуми, само со софтвер;
  2. Сензорификација на компаниите бидејќи сензорите ќе ги ослободат вработените да работат покреативни работи;
  3. Машинско учење и големи податоци бидејќи машините можат да им дадат смисла на големите податоци;
  4. Full Stack Startups кои креираат продукти што с еподобри од постоечките компании;
  5. Containers бидејќи треба да гледаме на големите податочни центри со различни делови како еден голем компјутер;
  6. Безбедност бидејќи постои опасност за вашите податоци;
  7. Онлајн пазари кои креираат „перфектна конкуренција“;
  8. Биткоин бидејќи може да понуди нов начин за пренос на пари;
  9. Cloud-Client Computing бидејќи потенцијалот на облакот се уште не е искористен;
  10. Дигитално здравје затоа што обична iPhone aпликација може да ви помогне да водите грижа за здравјето;
  11. Онлајн видео бидејќи постојат нови модели за правење пари и дистрибуција;
  12. Краудфандинг бидејќи секој може да помогне идеја да се претвори во реалност;
  13. Осигурување бидејќи може да се смени начинот како се калкулира ризикот;
  14. Интернет на нештата бидејќи може обичните уреди да ги поврземе на интернет;
  15. DevOps кои со облакот стануваат попродуктивен метод за сите девелопери;
  16. “Неуспех” бидејќи „целта не е да се пропадне брзо. Туку да се успее на долги стази. Тоа не се исти работи“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments