Спонзориран текст

Не го пропуштајте 29-тото издание на Seavus CodeTalks

Спонзорирано од Seavus

во ИТ.МК, Спонзорирани

Следната среда, 26-ти мај, Seavus организира ново издание на CodeTalks. Seavus CodeTalks се одржуваат од 2017 година, и вообичаено имаат градови домаќини, сепак последната година поради пандемијата настанот се одржува онлајн.

Говорниците на CodeTalks се искусни експерти со повеќегодишно искуство во областа на Quality Assurance.

Овој пат ќе имате можност да ги слушнете:

Ѓоре Захарчев, Quality Assurance Line Manager вo Seavus ќе говори на тема „Effective Test Automation using a Pattern Object Model“.

  • Ако добар програмер може да напише лош код, која е гаранцијата дека тестер без искуство во програмирање може да напише добар код?
  • Работата во голем тим на тестери кои имаат сопствени карактеристики на пишување код кога тестерот ќе промени тим или кога ќе ја напушти компанијата може да биде болно. Одржувањето е тешко дури и кога тестерот е сè уште во тимот бидејќи ја дуплира истата логика на огромен број „page“ објекти, што е речиси невозможно да се рефакторира за кус временски период.
  • Како Pattern Object Model ни помогна да ја добиеме довербата на многу нови клиенти преку креирање на автоматизирани тестови од првиот ден на проектот, и враќање на довербата кај постоечките клиенти со намалување на времето за одржување.

Павел Довган, Senior Automation Test Engineer на тема „Circle CI and e2e tests in development workflow“.

  • WebDriverIO тест фрејмворк
  • Docker Hub
  • Circle CI Integration e2e tests in development workflow
  • Демо

Јарослав Химко, Senior Test Automation Engineer во Seavus кој ќе говори на тема „The importance of API testing and automation in banking domain“.

  • Што е потребно за дизајнирање на безбеден API
  • Системи изградени со API Gateway pattern и кои тестови се достапни за нив
  • предизвици за автоматизација во безбедни системи

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Регистрацијата и следењето на настанот се бесплатни, отворени за сите и достапни на веб-страницата за настанот. Настанот, говорите, како и сесијата прашања и одговори ќе се одржат на англиски јазик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]