5 коментари 3 мин. читање 7 ноември, 2012

Употребата на слободен софтвер бележи раст во Македонија

Според информациите на Државниот завод за статистика на Македонија во 2010 и 2011 година употребата на слободен софтвер бележи раст во приватниот сектор (мали, средни, големи претпријатија) и јавниот сектор (министерства, агенции, јавни претпријатија и локална самоуправа), вели Слободен софтвер Македонија. Еве го останатиот дел од нивното соопштение:

Во 2010 година употребата на „бесплатен (open source) оперативен систем пр. Linux“ во приватниот сектор е 11%, при што постои значителна разлика помеѓу употребата на вакви системи во малите компании (до 50 вработени) каде употребата е 8,7% и големи (над 250 вработени) каде употребата е 28%. По класа на типот на дејноста според Националната класификација на дејности предничат компаниите што се бават со „Финансиско посредување“ (класи 65, 66, 67) и „Деловни активности“ (класи 70-74). Во овој извештај не постојат посебни податоци за ИКТ секторот.

Во 2011 истражувањето на Државниот завод е подетално. Покрај употребата на „Оперативен систем пр. Linux“ каде според податоците е забележан раст од 10 процентни поени (просекот е 22,2% за целиот приватен сектор – а сите групи според големината на субјектите имаат отприлика ист процент на употреба од 21-23), во истражувањето има податоци и за употребата на друг слободен софтвер. Така, „Софтвер за интернет пребарувач, пр. Mozilla, Firefox“ користат 63,3% од компаниите (57,1% малите, 66,1 средните и 78,6 големите компании), а „Офис софтвер пр. OpenOffice“ користат 34,6% од компаниите (34,2%, 31,6%, 50,6% соодветно).

Според дејностите, употребата на „Open Source оперативен систем пр. Linux“ е најголема во одделот „Информации и комуникации“ каде 65,3% од субјектите користат ваков оперативен систем, потоа следат „Финансиските дејности“ со 51,6% и „ИКТ секторот“ со 58,1. Најмалку субјекти што користат ваков систем има во „Градежништво“ – 18,8%.

За подетални информации видете ги официјалните соопштенија на Државниот завод за статистика на следниве URL-а:
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=97&rbrObl=27
http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=76&rbrObl=27

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
novica
13 years ago

@dfgd веќе подолго време бараме документирани информации за ова. ако имаш нешто што е повеќе од муабет, те молам пиши.

dfgd
dfgd
13 years ago

Да му дадеа право на избор од ФЗО на медицинските работници , цело здраство ќе беше на Linux, а не да ги условуваат да си праат монопол Windows 7 Proffesional морало.

Име
Име
13 years ago

Понекогаш додека читам некоја статија на сајтов, си викам: „ги мрзело да преведуваат, па на Google Translate го ставиле текстот“, ама ова е македонска вест, па навистина се чудам како може некој да напише „Софтвер за интернет пребарувач“, или Open Source да биде преведено како бесплатно.

Виктор Дано
13 years ago
Reply to  Име

Наместо да го критикуваш сајтот, или Слободен софтвер Македонија од кои е преземен текстот, треба да сфатиш дека „наводници“ се користат кога се цитира.

Терминот „бесплатен (open source)“ се наоѓа во официјалниот документ на Државниот завод за статистика.

DieLmmr
DieLmmr
13 years ago
Reply to  Име

Поимите се превземени директно од завод за статистика, затоа се во наводници

Мени
Заедница
To top
{title}