2 коментари 1 мин. читање

Стартува новиот дизајн на Google.com

Google се реши да ја промени својата страна со резултати со „поедноставен, почист дизајн“. Сега наместо од левата страна, менито со опции за пребарување се веднаш под барот за пребарување, односно над резултатите. Причината за ова промена е бидејќи Google сака една страна која ќе функционира на бројни различни уреди, како на декстоп така и на таблет компјутерите и мобилните телефони.

„Со новиот дизајн, сега имате повеќе простор за дишење, и поголем фокус на одговорите кои ги пребарувате, дали се тоа веб резултати или одговори од опцијата како Knowledge Graph.”, стои во официјалниот блог.

Ви се допаѓа? Малку ќе треба да се навикнете да ги најдете опциите кои сега се отвараат во паѓачко мени, но такви менија имаме со секој софтвер кој го користиме.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top