Бројот на продадени паметни уреди ќе порасне до огромни 1,2 милијарди во 2013 година, предвиде аналитичката компанија Gartner на ITxpo 2012 во Шпанија. Според компанијата, оваа година ќе бидат продадени 821 милиони паметни телефони и таблет компјутери, односно паметните телефони ќе заземат 70 отсто од сите продадените уреди.
Најголем дел од 821 милиони отпаѓа на паметните телефони, додека бројот на продадени таблет компјутерите достигнува само 12 милиони. Сепак продажбата на таблетите е во пораст и предвидувањата се дека во 2016 ќе бидат продадени 53 милиони примероци, и ќе бидат катализатор за зголемување на подвижноста кај вработените.
Предвидувањата за оперативните системи се дека Android ќе го задржи првото место со iOS на второто место. Сепак, разликата која ќе ја направи оперативниот систем на Google е огромна. Во 2016 година се очекува 53 отсто од паметните телефони и таблети да бидат на Android што е пораст од 22 проценти и тоа на пазар кој веќе во 2013 година ќе биде речиси двојно пообемен. Еден од споменатите предизвици е и компатибилноста и безбедноста на Android уредите кои ќе предизвикаат главоболки во ИТ одделите. Иако, до 2016 Google има доволно време и да ја намали фрагментираноста и да ги „затвори“ безбедносните пропусти на Android.
На бизнис пазарот третото место ќе го заземат Windows 8 таблет компјутерите, веднаш зад iOS и Android, предвидувајќи дека интересот за хардверот на Microsoft во бизнис секторот ќе биде поголем од домашните корисници. Што се однесува до Windows Phone 8 телефоните, Gartner за жал воопшто не ги спомнa.







