Хрватските ученици од Дубровничката приватна гимназија кои при учењето користат iPad го поправија просекот на некои предмети за 20 отсто, јавува Dubrovnik Net. Споменатите предмети на кои учениците покажуваат подобри резултати се историја, географија и биологија.
Директорот на гимназијата, Томислав Франушиќ се сомнева дека подобрите резултати се поради тоа што новите генерации се повеќе подготвени за посовремени средства.
“Со ова направивме голем чекор во модернизација на образованието, по пример на некои западноевропски приватни и државни училишта, а почнавме и со подготовки за екпериментално воведување на помодерен и функционален наставен план и програм, втемелен на 5 задолжителни и 5 изборни предмети. Сметам дека тоа е иднината и дека овој чекор треба да го предземат и останатите приватни образовни институции, бидејќи севкупниот школски систем е преобемен и преспор.”, изјави директорот г. Франушиќ.
Гимназијата на 16 ученици кои се запишани во прва година им одстапила на користењe iPad-и. Иако професорите на почетокот беа загрижени дека таблет компјутерот, ќе го одвлекува вниманието на учениците во текот на предавањата.
Првиот тест од користењето на таблет комјтерите во образованието во Хрватска е позитивен и покажува дека за одредени предмети бенефитот е навистина голем. Се разбира дека и прилагодувањето на наставните содржини за новите технологии и уреди мора да биде соодветно.
„Користењето на iPad е, ако може така да кажам, додатна вредност во совладување на материјалот, и не е единствно настано средство, бидејќи нашите ученици имаат и учебници, работни тетратки и се останато. Ми се чини дека овие први искуства покажуваат дека се попрактични и поинтересен начин на решавање со материјалот, но сево ова е во експериментална фаза во која се бориме со предностите и недостатоците.“, вели г. Франушиќ.







